Панатинаикос официјално објави дека потпишале двегодишен договор со Ти-Џеј Шортс.
Американецот со македонски пасош е висок само 1,75 метри, но во дресот на Париз баскет се покажа како најдобар плејмејкер во Евролигата и ќе претставува големо засилување за Зелените детелинки во следната сезона.
Според грчките медиуми, Шортс ќе заработува чисти 2,1 милиони евра годишно, и ќе нема клаузула за бесплатно ослободување за заминување во НБА лигата, во случај на понуда од најсилната лига на светот.
Со Шортс во составот покрај Кендрик Нан и Костас Слукас, Евролигата го нарече Панатинаикос „чудовиште со три глави“ и тројна закана.