Навали народе: Ново коло на Спортска прогноза полно со дерби-дуели

Најновото 26-то коло на Спортска прогноза е достапно за учество од 14 часот, во кое патот до главниот подарок iPhone 11 ќе го поминат само најдобрите прогнозери.

Новото коло е полно со дерби-натпревари, a, секако, најмногу внимание привлекуваат градските пресметки меѓу Атлетико и Реал Мадрид, односно Манчестер сити и Манчестер јунајтед, кои се предвидени за во недела и бараат детална анализа пред да се приложат конечните прогнози.

Колото почнува со саботната пресметка Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен во 15:30 часот, до кога е достапно колото за приложување на прогнозите. Во сабота како посебно интерсен дуел се издвојува дербито меѓу Јувентус и Лацио, главните конкуренти за титулата од ланската сезона во Серија А, а прогнозерите ќе бидат во мислење и околу средбата меѓу Астон вила и Вулверхемптон во Премиер лигата.

Меѓу резервните парови се најде германската мегапресметка меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, вториот резервен дуел е Сампдорија – Калјари, кои влегуваат во пресметката во Генералниот пласман, каде што главен подарок е Смарт ТВ 48 инчи, кој се доделува по крајот на сезоната.

Затоа, навали народе на бесплатната игра која ја нудат Спорт Манија и Sport Life!

- Оглас -

Најнови вести