Навас плати многу пари за да избега од Париз

Кејлор Навас плати 200 илјади евра за да изнајми авион со кој побегна од Париз заедно со семејството и замина во родната Костарика.

Голманот на ПСЖ се одлучи на ваков чекор поради големиот број заболени од Коронавирусот во Франција, каде што кризата се продлабочува и секој ден има голем број новозаразени со опасниот вирус.

Во Франција досега има околу 37 илјади луѓе што се инфицирани со Коронавирус, за разлика од Костарика само со 295 случаи.

„Минуваме низ многу комплициран период во животот. Ковид-19 не е играчка и апелирам до сите луѓе, посебно до моите сограѓани од Костарика сериозно да ја сфатат работата и да ги почитуваат препораките на владата и на здравствените работници“, изјави Навас.

Тој ќе мора да мине 14 дена во карантин во Костарика.

- Оглас -

Најнови вести