Навас: Уште ме прогонуваат головите што Меси ми ги даваше додека бранев за Реал

Лионел Меси летово го направи трансферот на 21 век откако реши да си замине од Барселона и го облече дресот на Пари Сен Жермен. Аргентинецот потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а неговото деби се очекува да биде овој викенд.

Во ПСЖ, Меси повторно стана соиграч со Нејмар, но и колега со неколку фудбалери на Реал Мадрид со кои бил голем ривал во минатото. Тука се: Серхио Рамос, Анхел ди Марија и голманот Кејлор Навас. Токму Навас призна дека додека бранел за Реал, имал кошмари од Меси.

„Кога Меси сега ќе ми даде гол на тренинг, веднаш ми се будат болните спомени кога бранев за Реал Мадрид и кога игравме против Барселона. Ми даде неколку голови кои и денеска ме „прогонуваат“. Многу поубаво е да се има Меси во својот тим отколку во противничкиот. Среќен сум што е тука“, призна Навас.

 

- Оглас -

Најнови вести