Кејлор Навас без дозвола на челниците на ПСЖ, реши да си замине од Париз и отпатува во родната Костарика. Трошоците за патот за него и за неговото семејство изнесувале 200.000 евра бидејќи навистина било тешко да се најде излез од Франција и начин како да се стигне до далечната Костарика.
Голманот на Светците изнајмил авион за да стигне до Сан Хозе, а главна причина за бегството од главниот град на Франција е опасноста од Коронавирусот. Во Франција опасниот вирус зема сè поголем замав, па Навас решил да си замине.
„И ние сме човечки суштества и понекогаш се плашиме. Се молиме на Господ да можеме да ја превземеме контролата во наши раце и да го добиеме потребниот мир. Мора да останеме обединети“, рече Навас, кој следните 14 дена ќе ги помине во самоизолација.
Претходоно, од Париз си заминаа и неговите соиграчи од ПСЖ, Бразилците Нејмар и Тијаго Силва, како и Уругваецот Единсон Кавани.