Навива за Барселона и не сака да чуе за трансфер во Реал Мадрид

Педро Поро има интересна изјава и вели дека нема шанси да игра за Реал Мадрид, иако шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб се интересира за играчот на Манчестер сити, кој игра за Спортинг Лисабон како позајмен фудбалер.

Со доаѓањето на Поро, нашиот репрезентативец Стефан Ристовски падна во втор план во Спортинг и потоа си замина во Динамо Загреб.

„Ме прашувате за трансфер во Реал Мадрид? Тоа никогаш нема да се случи. Јас навивам за Барселона. Пораснав со мајсториите на Меси, Чави, Иниеста и нема шанси да играм за Реал. Постојано ми се јавуваат шпанските новинари и секогаш го велам тоа“, изјави Поро.

Десниот бек, кој има 23 години, игра одлично за Спортинг, а на „црната листа“, очекувано, му се уште два клуба што имаат европски титули.

„Се знае, ако играш за Спортинг, тогаш ни на крај памет не може да ти дојде да заминеш во Порто и во Бенфика. Така што јас имам трио забранети клубови“, додаде Поро.

Шпанските медиуми постојано објавуваат дека покрај Реал Мадрид, и Барселона е заинтересирана за шпанскиот бек на Спортинг, но Каталонците се во голема финансиска криза и немаат пари за да го купат 23-годишниот бек.

Реална опција е Поро да се врати во Манчестер сити или да продолжи уште една година во Спортинг, ако не се премисли за Реал или ако не дојде понуда од друг голем клуб, а според шпанските медиуми, ги има доста што се заинтересирани за Педро.

 

- Оглас -

Најнови вести