Маж по име Роналд Дентон од Флорида покрена групна тужба против Нетфликс поради лошиот квалитет на стримингот кој го гледаа милиони луѓе за бокс мечот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол.
Дентон тврди дека „нетфликс“ е виновен поради кршење на договор поради честите препреки на преносот, пренесува ТМЗ. Тужбата е поднесена пред државниот суд во Флорида и човекот бара оштета од најмалку 50 милиони долари.
„Шеесет милиони Американци беа возбудени да го гледаат бокс дуелот меѓу Мајкл Тајсон и Џејк Пол. Тоа што го видоа беше најлошиот стрим на планетата“, стои во тужбата.
Netflix hit with $50M class-action lawsuit over Mike Tyson-Jake Paul fight streaming glitches https://t.co/egxF2eeVj0 pic.twitter.com/zv3VAwoaeG
— New York Post (@nypost) November 21, 2024
Многу гледачи пропуштиле дел од борбата поради честите прекини во преносот.
Цитирајќи повеќе од 100.000 луѓе кои се жалат на интернет, во тужбата се наведува дека љубителите на боксот, заедно со просечните Американци кои сакале да ја видат легендата во веројатно неговата последна борба, се соочиле со проблеми, вклучувајќи: недостапен пристап, грешки во преносот и проблеми со звукот.
Во меѓувреме, Нетфликс во саботата објави дека натпреварот го гледале 60 милиони гледачи ширум светот, а кулминација било кога во еден ист момент имало 65 милиони гледачи.