Навивач бараше да се слика со Един Џеко, па го изнервира Босанецот

Еден навивач го замоли Един Џеко да се фотографира со него пред хотелот во Будимпешта каде што беше сместена фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, а откако ја направија фотката, момчето се соблече и под тренерката носеше дрес на Галатасарај и побара од Џеко да го види тоа.

Босанецот кој игра за Фенербахче кој е најлут ривал на Галатасарај, остро погледна и се налути, по што праша: „Мислиш дека си интересен?“

- Оглас -

Најнови вести