Навивач ги нападна фудбалерите на терен и му ги уништи шансите на Бордо да се врати во елитата (Видео)

Натпреварот од последното коло во втората француска лига меѓу Бордо и Родез кој се играше вчера вечерта беше прекинат уште во првото полувреме бидејќи навивач на домашниот тим влезе на теренот и ги нападна гостинските фудбалери.

Во мечот во кој Бордо се обидуваше да ги задржи шансите за директен пласман во Лига 1, ситуацијата дополнително ја влоши навивач на Жиродинците кој во 38-та минута, по постигнатиот гол на Родез, влета на теренот и ги нападна гостинските фудбалери и тоа додека се радуваа и тоа пред трибината на која беа домашните фанови.

https://twitter.com/i/status/1664833843814187008

Тој го турна стрелецот на голот кој остана да лежи на теренот, по што реагираше обезбедувањето, а судијата одлучи да го прекине мечот. Потоа беше одлучено натпреварот да не се доигра, а во таков случај на гостите ќе им биде доделена службена победа од 3:0.

Претседателот на Бордо најави дека ќе вложи жалба и ќе бара натпреварот да се доигра, но доколку му биде одбиена жалбата, неговиот тим ќе остане на третото место на табелата и следната сезона повторно ќе игра во втората лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести