Тунис направи изненадување победувајќи ја Франција со 1:0, но овој резултат не беше доволен африканската селекција да се пласира во осминафиналето, додека Галските петли останаа на првото место во групата од СП. Дидие Дешамп, селекторот на Франција, на овој меч играше во комбиниран состав оставајќи поголем дел од стартерите да одморат на клупата и да бидат поподготвени за осминафиналето против Полска.
Освен голот што го реши победникот, овој дуел ќе се памти и по втрчувањето на терен на еден непоканет гостин. Навивач се симна од трибините, успеа да помине покрај обезбедувањето и втрча на теренот.
Додека најголем дел од оние кои втрчуваат на теренот носат некои пароли, знамиња и сакаат нешто да промовираат, овој „страјкер“ сакаше да покаже само неколку атрактивни потези што ги знае, а публиката одлично се забавуваше.
Ова е вторпат на Мундијалот во Катар меч да биде прекинат поради втрчување на навивач на теренот. Претходно еден навивач влезе на теренот на дуелот Португалија – Уругвај, а тој го вееше знамето во боите на виножитото и плус на маицата имаше неколку пораки кои сакаше да ги промовира пред светот.
View this post on Instagram