Навивач го снимил драматичниот момент кога падна играчот на Фиорентина (Вознемирувачко видео)

Дербито во Серија А меѓу Фиорентина и Интер беше прекинато по само 16 минути игра откако на Едоардо Бове ненадејно му се слоши и се онесвести на теренот. Младиот 22-годишен фудбалер на Фиорентина без никаков контакт со противнички играч, буквално се струполи на земја, а веднаш потоа реагираа фудбалерите кои беа најблиску до него.

За среќа, брзо дојдоа и лекарите, а потоа Бове беше пренесен во болница, каде според првичните информации, се освестил и почнал самостојно да дише. Бове ќе остане во болница на дополнителни прегледи.

На телевизиската снимка не се виде моментот кога Бове паѓа на земја, но затоа еден навивач кој бил на „Артемио Франки“, случајно го има снимено токму тој лош момент.

- Оглас -

Најнови вести