Тотенхем ќе биде казнет од УЕФА, најверојатно парично, откако на новиот стадион во Лондон нивен навивач влета на теренот за време на дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Од европската куќа на фудбалот покренаа постапка против домаќинот, кој го доби првиот четвртфинален дуел во англиската пресметка со 1-0.
Јужнокореецот Сон со погодок во финишот му донесе предност на Тотенхем, па веројатно и казната за инцидентот нема да им падне тешко во таборот на клубот од Северен Лондон.