32.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Навивач на Аталанта убиен по конфликт со фанови на Интер

Навивач на Аталанта беше убиен по судир со навивачите на Интер. Инцидентот се случил на улица во близина на стадионот во Бергамо, а на крајот се случи трагедија. Почина 26-годишниот маж откако бил избоден со нож од 19-годишен навивач на Интер, кој сега е предаден на властите.

Конфликтот започнал во еден бар во Бергамо, кога двете групи навивачи се скарале откако 19-годишникот, заедно со неговиот брат и пријателите, скандирале песни за Интер.

Ножот што 19-годишникот го користел за да го убие 26-годишникот бил пронајден во близина на жртвата, а навивачот на „нероаѕурите“ е приведен до судењето.

Осомничениот веднаш се предал на полицијата. Се работи за 19-годишниот Јакопо де Симоне, кој тврди дека го нападнал настраданиот Кларис за да го заштити својот брат.

Италијанските власти продолжуваат со истрагата за причините за судирот и убиството на несреќниот човек, а се истражува и вмешаноста на други навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести