Навивач на Баерн влезе меѓу фановите на ПСЖ: Го соблекоа и го претепаа, од пуста желба да биде популарен на тик-ток (Видео)

Еден навивач на Баерн Минхен беше претепан на „Паркот на принцовите“ откако одлучи облечен во дрес на германскиот тим да влезе на трибината каде што беа најверните навивачи на ПСЖ и да провоцира.

Не само што влезе меѓу навивачите на ПСЖ, тој реши да го снима целиот негов луд потфат на социјалната мрежа „Тик-ток“ со цел да стане што е можно попопуларен и да добие повеќе лајкови.

На снимката се гледа како навивачот на Баерн има тренерка, а под неа е дресот на Баерн Минхен. Кога решава да го покаже дресот, врз него се нафрлаат 30-тина навивачи на ПСЖ.

Да не беа луѓето од обезбедувањето, навивачот сигурно ќе беше претепан до смрт. По целиот овој луд потфат, навивачот се „пофали“ дека бил претепан, но порача дека „ја научил лекцијата“.

- Оглас -

Најнови вести