Навивач на Блекпул почина како резултат на тепачка со фанови на Барнли

Еден 55-годишен навивач на англискиот второлигаш Блекпул, во саботата беше претепан пред еден паб после завршувањето на мечот Блекпул – Барнли, беше префрлен во болница, а вчера тој им подлегна на повредите на главата.

Покојниот Тони Џонсон настрадал во тепачка помеѓу фанови на двата тима од Чемпионшип, а полицијата апелира да се достават снимки од индицентот и повика да се јават сведоци на немилиот настан кој заврши трагично.

Фановите на Блекпул собраа повеќе од 10.000 фунти за погребот на Тони.

- Оглас -

Најнови вести