Актуелниот првак на Турција, Трабзонспор, на домашен терен го декласираше гостинот Истанбулспор со 4:0 во меч на двајца наши репрезентативци, Енис Барди и Валон Етеми.
Барди кој влезе во игра во 75. минута се радуваше на убедлива победа, а бледите гости за кои како стартер играше Етеми можат да се пофалат само со навивачот кој стана хит.
Сам на дел од трибината за гостински навивачи со истакнати клупски обележја на Истанбулспор ги бодреше Етеми и соиграчите, но на крајот и тој си замина разочаран.
https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1617193025934970880?s=20&t=Wk5hg-_XTnclZ7W1PwMKeA
Трабзонспор по 19 одиграни натпревари е на петтото место со 35 бода, колку што има и четвртопласираниот Бешикташ, а пред нив се лидерот Галатасарај со 45 бода, Фенербахче со 38 и меч помалку и Башакшехир со 37 бода.
Истанбулспор е претпоследен со 15 бода.