32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Навивач на Филаделфија падна од бандера и почина за време на славењето (вознемирувачко видео)

Еден млад навивач на екипата на Филаделфија иглс го загуби животот откако падна од бандера за време на славењето по пласманот на омилениот тим во Суперболот. Несреќниот Тајлор Сабапарти имал само 18 години, а бил познат како талентиран гимнастичар.

Филаделфија се пласира во Суперболот на американскиот фудбал, по што следувало големо славење низ улиците на градот. За жал, се завршило со кобниот пад на 18-годишниот тинејџер.

Немилиот настан се случил пред голем број луѓе кои биле сведоци на фаталното паѓање од бандерата. Младиот навивач кој го загуби животот имал освоено повеќе од 120 медали на регионални и меѓународни натпреварувања во гимнастика.

„Како член на универзитерскиот тим во гимнастика, Тејлор покажа инзвонредна дисциплина и работна етика. Многу часови поминуваше во салата напорно тренирајќи за да се усоврши. Сите во Филаделфија го сакаа, неговите колеги, пријателите, тренерите“, стои во соопштението од ПР службата на универзитетот.

За време на прославата имало и други инциденти и повредени навивачи, но само овој случај е со фатален исход.

- Оглас -

Најнови вести