Навивач на Келн се откажа од членството затоа што на новиот дрес има џамија (фото)
Бундеслигашот без проблем го прифати одјавувањето, за овој тип навивачи нема место во клубот.

Бундеслигашот Келн на социјалните мрежи сподели реакција на еден нивен навивач кој се откажа од членството поради што на новиот дрес се гледа џамија.
На новиот гостински дрес црвената површина е прикриена со панорама од градот Келн, а џамијата е дел од инфраструктурата, дизајн кој очигледно не му се допаѓа на навивачот.
Клубот го прифати одјавувањето и порача дека кај нив нема место за тип навивачи кои не ја прифаќаат религиозната определба.
https://twitter.com/fckoeln_en/status/1293131828841402369