Познато е дека Ливерпул ги има едни од најверните навивачи во светот, но сепак повеќе од јасно е дека секој фан има своја цена. Навивач кој 20 години има сезонски билет за „Енфилд Роуд“ реши да го пропушти финалето во Мадрид, иако имаше билет и за влез на стадионот „Ванда Метрополитано“.
Навивачот добил понуда која не можел да ја одбие. Непознат богаташ му платил дури 10.000 фунти за влезницата. Симпатизерот на Ливерпул решил да ја прифати понудата, а на другарите со кои требало заедно да навива на трибините им порачал: Ќе ги носам децата на одмор на Флорида.