Фудбалерот на англискиот нисколигаш Акрингтон, Џош Вудс беше еден од најсреќните кога дозна дека во ФА Купот, неговиот тим ќе игра против Ливерпул. Вудс е голем навивач на Ливерпул, а ждрепката сакаше Акрингтон да гостува на легендарниот „Енфилд роуд“.
Вудс денеска беше во стартниот тим на Акрингтон и одигра 63 минути, а потоа беше заменет. Ливерпул лесно победи со 4:0, но Вудс воопшто не беше разочаран што Акрингтон е елиминиран. Фудбалерот дури и среќен си замина, затоа што по завршување на дуелот доби исполнување на една голема желба, а тоа е да се фотографира со тренерот на Црвените, Арне Слот.
Диого Жота, Трент Александер-Арнолд, Џејден Данс и Федерико Кијеза беа стрелци во победата на Ливерпул.