Навивач на Манчестер добил наследство од 55.000 фунти и сите ги ставил на титула за Ливерпул (Фото)

Навивач на Манчестер јунајтед од Брадфорд по име Тони Ворд, има 55 години, и доби 91.000 фунти во обложувалница, поради титулата во Премиерлигата која ја освои Ливерпул.

Тони кој има три деца, во 2017 година кога починала мајка му, добил наследство од 55.000 фунти, и во октомври 2019 година целата сума ја уплатил на Црвените дека ќе бидат прваци. Квотата била 4/6 (за четири уплатени се добиваат шест) или попросто кажано, 1.65.

„Ливерпул изгледаше како тим кој може да ја освои титулата. Мајка ми не би ми се лутела што ги уплатив парите во обложувалница, бидејќи и таа сакаше ваков вид забава, особено сакаше обложување на трки со коњи“ – вели Тони кој се исплашил кога пандемијата од коронавирусот го запре првенството и имаше опасност Ливерпул да не биде прогласен за првак и да му се пресмета квота 1, и наместо добивка, да си ја врати само уплатата.

„Беше јасно дека ќе бидат шампиони, им требаа само уште шест бода. Ќе ми го вратеа влогот, нема сомнеж, но тоа ќе беше нечесно. Сега прво планирам да отпатувам некаде во странство на квалитетен одмор, а остатокот од парите ќе ги ставам во банка, ќе ги чувам за некои црни денови“ – објаснува Ворд.

- Оглас -

Најнови вести