38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Навивач на Манчестер јунајтед со велосипед од Монголија стигна до „Олд Трафорд“ (Видео)

Во светот на спортот постојат разни фанатици кои едноставно ќе направат сè што треба само да го исполнат својот сон. Сепак, тоа што го направил еден навивач на Манчестер јунајтед од Монголија е нешто неверојатно.

Извесен Очихрвани во мај минатата година тргнал на далечен пат. Од својата Монголија да стигне до „Олд Трафорд“, и тоа со велосипед. Речиси една година подоцна, фанатикот навивач на Манчестер јунајтед успеал да помине 23 држави и да стигне до финалната дестинација.

Од клубот знаеја за овој подвиг и веднаш му дале гратис влезница за дуелот на „Олд Трафорд“ против Арсенал, подготвувајќи му искуство кое ќе го памети цел живот. Освен што во живо следеше меч на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, тој доби посебна чест да го запознае Вејн Руни, кој бил негов идол.

Освен Руни, Очихрвани запознал уште неколку поранешни фудбалери на Црвените ѓаволи, но и легендарниот Сер Алекс Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести