После победата на Манчестер јунајтед над Фулам од 1-0, играта не беше главна тема на социјалните мрежи, туку повеќе се зборува за навивач на Црвените ѓаволи кој стана од инвалидската количка на сред меч по удар на Маркус Рашфорд.
Топката по шутот на Рашфорд помина покрај голот, а навивачот тргна да прослави погодок, но немаше гол, и потоа се врати на количка и седна.
Некои фанови сметаат дека Јунајтед треба да направи истрага и да утврди за што точно се работи. Оние кои го бранат инвалидот тврдат дека можеби нема тежок вид на попреченост, додека други веруваат дека лажел дека е инвалид само за да влезе и да го гледа натпреварот од оние седишта што се наменети за лицата со посебни потреби.
https://twitter.com/i/status/1824543057452339665