Вообичаеното неделено попладне на гледање фудбалски натпревар пред телевизорот во италијанскиот град Каподимонте се претвори во трагична сцена. Навивач на Наполи беше хоспитализиран откако беше избоден од неговата сопруга. Според италијанските медиуми, инцидентот се случил за време на натпреварот од Серија А помеѓу Наполи и Аталанта.
Наполи загуби со 2:1 на гостувањето во Бергамо, а неименуван 40-годишен навивач во својот дом бил многу нервозен на почетокот на средбата. Судијата првично досуди пенал за Наполи, но по реакција од ВАР-собата, главниот судија ја коригираше својата одлука и го пиништи пеналот.
Оваа одлука на арбитерот толку многу го налутила навивачот, па тој почнал да вика. Неговата сопруга тоа викање го протолкувала дека е наменето за неа, па во дневната соба се појавила со ножици, кои ги фрлила кон мажот. За среќа промашила, но таа не сопрела тука.
Земала нож и го прободела мажот. Набрзо стигнала полиција и ја смириле хаотичната ситуација, а жената била уапсена. Навивачот на Наполи бил пренесен во болница и, за среќа, надвор е од животна опасност.

