Алан Карлинг, навивачот на Њукасл, остана шокиран кога го видел своето куче како му ги јаде билетите за финалето од Лига купот на Англија. Њукасл по пауза од 24 години ќе биде дел од едно финале и ќе се бори за трофеј, а Карлинг бил пресреќен затоа што ќе може во живо да го бодри својот тим на „Вембли“, во дуелот против Манчестер јунајтед.
Целиот настан се случил во саботата, која навивачот ќе ја памети како кошмарна. Тој бил на „Сент Џејмс парк“ да навива за својот Њукасл во дуелот против Ливерпул, но гостите во првите 20 минути поведоа со 2:0, а потоа голманот на домаќините Поуп доби црвен картон и беше јасно кој ќе победи.
Капак на целиот лош навивачки ден било кога Карлинг се вратил дома и го видел своето куче како ги јаде картите за финалето на Лига купот. На целата таа мака, Карлинг решил да биде малку духовит, па преку социјалните мрежи напишал порака дека го продава своето куче, и тоа само за пет фунти.
„Ова е моето куче Руди. Руди мисли дека писмата кои ги добиваме се напад на нашиот дом, па реши да ги изеде влезниците за на ‘Вембли’ кои пристигнале додека јас бев надвор. Кучето е на продажба, цената е пет фунти“, стои во дел од објавата на навивачот на Њукасл.
Some ruff justice from this dog who left his owner barking mad by eating his tickets for Newcastle’s Carabao Cup finalhttps://t.co/2PcVDk3iAE
— Mirror Football (@MirrorFootball) February 20, 2023
Финалето на Лига купот ќе се игра на 26 февруари на „Вембли“, а на навивачот на Њукасл му останува да проба да објасни дека билетите му се уништени и да се обиде да добие нови билети за тие места кои ги има платено, но нема билети.