Навивач на Партизан сам тргна кон трибината на која имаше неколку илјади „Делии“ (Видео)

Црвена ѕвезда стигна до историска победа на гостувањето кај Партизан откако славеше со 4:0. Тоа е наубедлива победа на Црвено-белите на теренот на најголемиот ривал.

Освен четирите гола во мрежата на домашниот тим, дербито го одбележа и еден момент во првото полувреме,кога еден навивач на Партизан втрча на теренот, истрча безмалку 100 метри за да дојде до трибината каде што беа сместени навивачите на Црвена ѕвезда.

Сепак, неговата „желба“ да дојде до противничките фанови ја прекинаа полицајците, кои го уапсија и го тргнаа од теренот. Освен овој инцидент, навивачите на Партизан по мечот ги нападнаа своите миленици. Беа искршени прозорите во соблекувалната на домашниот тим, а најтешко помина тренерот Станојевиќ, кој заработи посекотини на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести