Навивач на Реал побара автограм од Алаба на необично место (Фото)

Давид Алаба само една сезона е во Реал Мадрид, но веќе е меѓу милениците на навивачите на Кралскиот клуб. Австриецот одлично се вклопи во Реал, му помогна на тимот да ги освои титулите во Лигата на шампионите и шпанската лига, а постигна и убав гол на своето прво Ел Класико против Барселона.

Сепак, потегот со кој си го запечати местото во срцата на фановите беше неговата необична прослава на третиот гол на Карим Бензема против Пари Сен Жермен, со кој Реал ги елиминираше фаворизираните парижани. Еуфоричниот Алаба крена во воздух едно пластично столче.

И при прославата на 35-тата титула во Шпанија, Алаба позираше со кренато столче, па сега столчињата се симбол со кој фановите го поврзуваат одличниот фудбалер.

Затоа, деновиве еден досетлив навивач на 14-кратниот европски првак, реши од Алаба да побара автограм, не на дрес или постер, туку на столче.

- Оглас -

Најнови вести