Навивач на Ривер стои пред стадионот на Бока и рони солзи за Марадона (фото)

Иако Диего Марадона повеќе не е на овој свет, уште прави чуда поради неговата величина. Навивач на Ривер плејт, вечниот ривал на Бока јуниорс, се појави пред стадионот „Ла Бомбоњера“ да ѝ оддаде последна почит на починатата аргентинска икона.

Кој било друг ден навивачот на Ривер не би бил добредојден на ова место, но сега не е време за омраза, тагата што Марадона почина е поголема од секое ривалство. Фанот на Ривер со капа од својот омилен тим, се најде во прегратка на навивачи на Бока не можејќи да ги контролира емоциите.

- Оглас -

Најнови вести