Навивач на Сосиедад останал без прст на „Олимпико“, делот од прстот го нашла жена му!

Пред почетокот на натпреварот Рома – Реал Сосиедад од Лига Европа, еден гостински навивач се здобил со повреда на прст на раката, па дел од прстот морало да му биде ампутиран.

Според италијанските медиуми, тоа бил 50-годишен Баскиец кој бил под дејство на алкохол, а целата приказна станува уште поморбидна со информацијата дека делот од прстот кој бил расечен од венчалниот прстен, го нашла неговата сопруга.

Навивачот со полициска придружба бил однесен во болница на шиење.

- Оглас -

Најнови вести