9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Навивач на Црвена ѕвезда е во критична состојба по заседата кај аеродромот во Тузла

Голема тепачка се случила доцна синоќа во близина на аеродромот во Тузла, кога околу 100 навивачи на Хајдук од Сплит вооружени со палки ги начекале нешто помалубројните фанови на Црвена ѕвезда кои се враќале од Малме.

Има многу повредени, од кои едно 25-годишно момче од Приједор е во критична состојба со повеќе повреди на главата и ‘рбетот. 

Инаку хрватските хулигани кога стигнале на границата со БиХ, ја измамиле полицијата, рекле дека одат на хуманитарен турнир во Жепче, а всушност подготвувале заседа за Делиите на околу 500 метри од аеродромот, во близина на еден паркинг. 

За хаосот во местото Горња Дубрава сведочат фотографии од местото на инцидентот, се гледаат бројни палки и искинати облеки.

- Оглас -

Најнови вести