Навивач на Украина му викна на Мудрик „Лондон е црвен“, овој остро му врати (Видео)

Украинската фудбалска ѕвезда Михајло Мудрик, кој игра за лондонскот Челзи, имаше мини-инцидент по тренинг на репрезентацијата која се подготвува за дуелот со Македонија пред влегувањето во автобус.

Еден од фановите побара да се фотографира со Мудрик, а откако заврши работа, додека фудбалерот на лондонските Сини се качуваше по скалите во автубусот, навивачот му викна на англиски: „Лондон е црвен“.

Мудрик веднаш му врати: „Зошто тогаш сакаш да се сликаш со мене?“, праша Мудрик. Провокаторот кој навива за Арсенал немаше одговор на ова.

https://twitter.com/i/status/1712417503949779289

- Оглас -

Најнови вести