Навивач од трибини му се закани на контроверзниот тенисер дека ќе го чека надвор по мечот (Видео)

На турнирот од серијата АТП 250 кој се игра во Монпелје, на којшто играа француските тенисер Беноа Пер и Харолд Мајо, навивач од трибините му се закануваше за контроверзниот тенисер.

Пер загуби во два сета со 1:6,4:6, а скандалозниот момент се случи на стартот од третиот гем, при водство на Мајо од 0:2 во гемови. Пер одлично го изгради поенот за напад, но го промаши ударот со кој требаше да го заврши поенот.

 

 

Веднаш навивач му дофрли на тенисерот, по што Пер не му остана должен:
„Што не е во ред со тебе? Што после мечот? Што мислиш кој си така да зборуваш со мене? Кој си ти?“, возврати Пер на заканите од трибините и потоа го информира судијата дека навивач му се заканувал.

Според француските медиуми, навивачот му рекол на Пер дека ќе го чека надвор по мечот и наводно му бил лут бидејќи се обложил на негова победа.

- Оглас -

Најнови вести