На натпреварот од МЛБ лигата во безбол помеѓу Питсбург пајратс и Чикаго кабс, се случи несекојдневен инцидент кој ги шокираше гледачите и играчите.
Еден навивач се преврте, и од трибината падна на терен. Падот беше од висина од речиси 6,5 метри. Веднаш реагираа лекарски тимови и несреќниот фан кај кој можеше да се забележи и крв на лицето, беше пренесен во болница. Засега нема нови информации за неговата состојба, ниту која беше причината за падот.
Се појави и видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа моментот на падот.
Pirates fan falls pic.twitter.com/sgppriM24b
— Bobby K (@Bobbk_) May 1, 2025