Навивач потрошил 8.000 долари за да го гледа Меси на мечот за кој се знаеше дека Лео нема да игра

Додека траат возбудувањата на Европското првенство, парарелно се води битка и на Копа Америка. Таму најголема ѕвезда, секако, е Лионел Меси, кој ја предводи Аргентина кон нова титула.

Токму дуелите на Аргентина се посебно атрактивни поради Меси, но еден навивач од Канада има лошо искуство. Тој решил заедно со своите три ќерки да го гледа Меси на дуелот Аргентина – Перу во третото коло од групната фаза, но се разочарале.

Меси имаше повреда и уште неколку дена претходно се знаеше дека нема да игра на тој меч. Сепак, навивачот не сфатил дека Меси едноставно нема да игра, па од Канада допатувал со своите три деца и на крајот останаа разочарани.

„Сето ова ме чинеше 8.000 долари. Една влезница за мечот чинеше 1.200 евра и купив за сите четворица. Кога ќе се додадат повратните авионски билети, плус сместувањето во хотелот, се доаѓа до потрошени 8.000 долари, а не го видовме Меси како игра. Сепак, јас сум виновен затоа што требаше подобро да се информирам за неговата здравствена состојба. Лут сум самиот на себе“, коментираше разочараниот навивач.

- Оглас -

Најнови вести