Навивач сакаше да го поздрави Нејмар, но успеа да го повреди (Видео)

Бразил и Еквадор ноќеска ќе играат во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Кариоките се со максимални 12 бода од четири меча, додека Еквадор е одличен и има три победи што е доволно за третото место, веднаш зад лидерот Бразил и второпласираната Аргентина.

Дуелот се игра во Порто Алегре, каде домашните навивачи со нетрпение ги чекаа фудбалските ѕвезди. Секако, најмногу внимание предизвика доаѓањето на капитенот Нејмар. Фановите стоеја покрај автобусот да ги поздрават фудбалерите, кога во еден момент, еден навивач сакајќи да го поздрави Нејмар, се стрча кон фудбалерот.

Тогаш се случи мешаница, а Нејмар доби удар по нозете. Првата ѕвезда на бразилската селекција со болна гримаса на лицето продолжи да оди кон хотелот и не би требало да има никакви проблеми вечерва да настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести