Екипата на Ал-Наср е елиминирана од Купот на Саудиска Арабија откако загуби на домашен терен од Ал-Тавон со 0-1. Натпреварот можеше да има и друг исход доколку Кристијано Роналдо го реализираше пеналот во 96-тата минута, но топката заврши високо на голот.
За Португалецот ова беше прв промашен пенал во Саудиска Арабија, а освен што се елиминирани од Купот, еден од навивачите остана и без својот телефон. Гледачите кои се наоѓаа зад голот го снимаа моментот кога Роналдо го изведуваше пеналот, но топката заврши во главата на еден од навивачите, па од раце му испадна и телефонот.
Ronaldo broke a Kid's Phone with his missed penalty.
😭😭😭😭😭😭😭😭😭
— Max Stéph (@maxstephh) October 29, 2024