3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Навивач сам отпатува на гостување долго 1.600 километри, а засекогаш ќе го памети тоа што му се случи по мечот (Видео)

За навивачката љубов кон клубот се вели дека е една од најголемите и најверните. Дека тоа е така и дека љубовта кон омилениот клуб не познава граници, покажа и еден навивач од Португалија.

Екипата на Ароука гостуваше кај Санта Клара во меч од 15-тото коло на португалското првенство. Тоа значеше дека Ароука мора да пропатува 1.600 километри за да стигне на островот Сао Мигуел, каде што игра Санта Клара.

Освен фудбалерите, на овој пат тргна и еден навивач на Ароука, кој едноставно сакаше да го бодри својот омилен тим на ова гостување. По мечот, фудбалерите и стручниот штаб на Ароука знаеја да ја испочитуваат верноста на навивачот, па сите заминаа до трибината на која се наоѓаше и се поздравија со него.

Овој момент кој навивачот сигурно ќе го памети цел живот може да го видите ТУКА.

Од фудбалски аспект, мечот беше за заборав затоа што на крајот заврши без голови. Ароука со овој освоен бод сега стигна до 13 бода и уште е во зоната за испаѓање, додека Санта Клара има 16 бодови и е на 12-тото место на табелата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести