Фудбалерите на Наполи ја прославија шампионската титула во Италија, но еден момент го привлече вниманието. Еден навивач се најде прегрнат со фудбалерите и на никој не му беше јасно покрај такво обезбедување успеа да се најде помеѓу фудбалерите на Наполи.
Како што вели тој, се симнал на теренот и глумел дека зборува на телефон и се обидел да остане смирен. Потоа така влегол во соблекувалната, од каде се упатил до местото каде фудбалерите на Наполи ја прославувале титулата.
Во тие моменти бил забележан од Рахмани, кој му се обратил со зборовите: “Кој си па сега ти?“ Секако, навивачот бил отстранет, иако не направил никаков проблем, но секако ќе има фотографии за спомен дека заедно со фудбалерите на Наполи ја прославил шампионската титула која после 33 години пристигна во Неапол.