Навивач со еден потег ги засени сите НБА-ѕвезди на олстарот, плус си освои 100.000 долари (Видео)

Ноќеска во Сан Антонио заврши НБА олстар-викендот, а супер тимот на Шекил О’Нил триумфираше во главната вечер. Освен победата на тимот на Шекил О’Нил на овој нов, првпат изведен олстар мини-турнир, на којшто учествуваа четири екипи, во фокусот неочекувано се најде еден навивач.

Тој беше сосема случајно одбран од трибините и влезе во дуел со НБА-ѕвездата Дамијан Лилард. Правилата беа јасни. Лилард требаше да постигне три тројки од половина терен пред истекот на времето, а на навивачот му беше доволно само една тројка од половина терен за да победи и да освои 100.000 долари.

Лилард имаше погодено две тројки, времето беше пред самиот истек кога навивачот ја зеде последната топка и шутираше од половина терен. На изненадување на сите во салата, топката влезе во кошот.

„Ова беше неверојатен момент. Не ни можев да поверувам дека ќе успеам да го победам еден од најдобрите играчи во лигата“, пресреќно викаше 18-годишниот студент Џарен Барајс, кој додаде дека заработените 100.000 долари ќе ги искористи за финансирање на своите студии, а дел од парите ќе им даде на своето семејство.

- Оглас -

Најнови вести