Навивач удри играч на Цедевита затоа што не одигра во духот на фер-плеј (Видео)

Морнар пред своите навивачи во Бар имаше предност од девет поени против Цедевита и само требаа да истечат последните неколку секунди пред да биде означен крајот на мечот. Рајан Боутрајт ја доби топката од играчите на Морнар за да не истече времето за напад. Играчот на Цедевита требаше само неколку секунди да ја задржи топката и ќе беше отсвирен крајот.

Сепак, гостинскиот играч реши да ја забие топката и да намали на седум разлика (77:70) на 3,6 секунди до крајот. Таквиот потег ги налути домашните навивачи, па еден дури втрча на теренот и успеа да го удри кошаркарот на Цедевита. За среќа, брзо реагираа останатите играчи недосволија да има поголем инцидент.

Дефинитивно потегот на Боутрајт беше надвор од фер-плеј играта, но навивачите не се тие кои треба да ги дисциплинираат таквите кошаркари.

 

- Оглас -

Најнови вести