14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Навивач влезе да суди на местото на повредениот арбитер

На натпревар во шкотската трета лига по ранг (по нивно Ligue one) се случи нешто многу невообичаено. Јавноста е збунета откако се обелодени дека мечот помеѓу Странрер и Сенхаусмир во средата бил 10 минути во прекин поради повреда на линискиот судија, а одлучено е негова замена да биде еден човек кој беше во публика.

Од трибините се симна навивачот кој сакаше да влезе на местото на повредениот помошен судија, па човекот со име Киеран се најде покрај аут-линијата. Се разбира, Киеран е судија и има лиценца за судење на аматерски мечеви во Шкотска, а велат дека добро си ја завршил работата и на овој меч кој заврши 1-1 откако головите паднаа во судиското продолжение во првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести