Навивач во Англија заврши во затвор поради навреди упатени на „Фејсбук“

Фудбалски навивач на Вест Бромвич албион е осуден на осум недели затвор поради расните навреди упатени кон еден играч од екипата за којашто навива. Сајмон Силвуд, кој има 50 години, навредите кон Ромејн Солерс ги упатил преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Навивачот бил многу лут на фудбалерот по поразот на ВБА со 5:0 од Манчестер сити во рамките од Премиер лигата, одигран на 26 јануари оваа година. Силвуд пред судот го негирал прекршокот велејќи дека неговата порака е „глупава, а не расистичка“, Навивачот објаснуваше како сакал да напише „buffoon“ (дека се глупира), но тастатурата автоматски го пронашла зборот „baboon“ (мајмун).

Во текот на изрекување на казната, судијата од судот во Бирмингам објасни дека Силвуд „покажал минимално каење“ за тоа што го направил. Пораката била напишана во фејсбук-група на навивачите на ВБА, а фудбалерот Солерс бил многу вознемирен кога ја прочитал навредата.

Од ВБА потврдија дека на навивачот му е дадена доживотна забрана за влез на стадионот.

 

- Оглас -

Најнови вести