Навивач втрча на терен и му покажа на голманот како треба да брани, па го уапсија (Видео)

Фудбалот за навивачите во Бразил има посебно значење, па дури и да си фан на клуб кој се натпреварува во четвртата лига. Екипата н Санта Круз на свој терен загуби од АСА со 2:1, а гостите до победата стигнаа со погодок во 87 минута.

По завршување на средбата, еден разочаран домашен навивач, влезе на теренот, дојде до голманот на екипата за која навива и почна пред него да се фрла и да прави паради. Навивачот едноставно сакаше да му покаже на голман како треба да брани, што наиде на овации кај гледачите.

На крајот, навивачот кој воопшто не беше насилен, беше изнесен од теренот во придружба на полицијата.

- Оглас -

Најнови вести