Кристијано Роналдо даде еден гол за Јувентус во победата од 2:0 на гости кај Баер Леверкузен, со што Јувентус само го потврди првото место во својата група и пласманот во Топ 16 екипите во Европа. По завршување на мечот, Португалецот доживеа непријатност.
Додека се поздравуваше со играчите на теренот, еден навивач втрча и со мобилниот телефон во рака едноставно сакаше да се фотографира со Роналдо. Сепак, во трчањето, навивачот силно го закачи Роналдо за вратот, а редарот на крајот го тргна натрапникот од теренот.
Роналдо делуваше многу луто, а Португалецот со гестикулација покажа дека воопшто не му се допадна таквиот потег на навивачот кој од позади го фати за вратот.