Навивач втрча на терен: Прво го крена Роналдо, а потоа му ги бакнуваше копачките (Видео)

Португалија со 3:0 ја победи Босна и Херцеговина во меч на кој Бруно Фернандеш беше главен на теренот со два гола и асистенција. Иако Бруно беше незадржлив за противничката одбрана, логично, за навивачите секогаш главен е Кристијано Роналдо.

Еден навивач успеа да втрча на теренот и стигне до Роналдо. Прво го прегрна својот идол, а потоа и неколку пати го поткрена.

Роналдо мирно стоеше покрај навивачот, кој потоа клекна и буквално почна да му ги бакнува копачките на капитенот на Португалија. На крајот го направи и препознатливото „Сиииууу“ со кое Роналдо ги прославува погодоците.

- Оглас -

Најнови вести