Италијанската полиција имаше успешна акција против хулиганите од Амстердам и 54-ица од нив се приведени и денеска ќе бидат депортирани назад.
При контрола на два автобуси со вкупно 54-ица таканаречени навивачи на Ајакс би пронајден цел арсенал опасни средства, кои веројатно требало да бидат прошверцувани на „Алијанц стадионот“ во Торино на денешниот реванш-меч во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и холандскиот тим.
Навивачите на Ајакс се познати „траблмејкери“ и често прават инциденти, но овојпат дел од нив беа навреме сопрени од италијанската полиција.
Реваншот ќе се игра вечерва, од 21 часот, а првиот меч заврши нерешено 1-1.