5.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Навивачи на Барселона шутираа на улица поранешен чешки репрезентативец (Видео)

Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, и екс чешки репрезентативец Мартин Фенин, е нападнат од неколку фанови на Барселона.

Фенин прво беше сопнат со удар од позади, а откако падна, прими уште неколку удари. За среќа, брзо стана, и немаше посериозни последици. Со него беше и неговата сопруга.

Фенин објави дека освен што бил нападнат, се нашол и во студена ќелија, каде наводно 36 часа го држеле без храна и вода. Не се знае зошто биле приведени тој и жена му.

https://www.youtube.com/watch?v=ggI37s8nOSk

- Оглас -

Најнови вести