23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Навивачи на Бенфика отишле во погрешен Франкфурт во Германија

Навивачи на Бенфика имале вистинско патешествие во пресрет на реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Ајнтрахт Франкфурт. Португалскиот тим има предност од 4-2 по првиот меч и вечерва не смее да загуби со два гола разлика на гостувањето во Германија.

Бенфика ќе има поддршка од свои навивачи на стадионот во Франкфурт. Дел од фановите на гостите имале вистинско патешествие за да стигнат до посакуваното место. Тргнале кон Франкфурт (на Мајна), но наместо во вистинскиот град, тие заминале во Франкфурт (Одер) во Источна Германија, кој е на 600 километри подалеку.

Интересно е што кога стигнале во погрешниот Франкфурт, навивачите се сликале пред таблата за добредојде во градот, но подоцна, откако никако не можеле да го најдат стадионот, сфатиле дека имаат грешка. Што е уште поинтересно, за да се дојде до погрешниот град, тие морале да поминат низ вистинскиот Франкфурт и да пропатуваат дополнителни 600 километри за да стигнат во Источна Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести