Навивачи на Динамо направиле хаос во Атина, иако не смееше да има гостински навивачи (Видео)

Динамо Загреб вечерва гостува во Атина кај АЕК, во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а овој дуел имаше жестока предигра низ улиците на главниот град на Грција.

Од УЕФА ставија забрана за присуство на гостински навивачи, па ретко кој очекуваше дека фанови на Динамо ќе се појават во Атина. Синоќа, околу 150 членови на Бед Блу Бојси се појавиле пред стадионот „Агиа Софија“, каде што започнале со напад врз луѓето кои биле затечени низ улиците, а хрватските навивачи дури се обиделе да влезат и на стадионот, но не успеале.

https://twitter.com/i/status/1688682249980432385

Според првичните информации од грчките медиуми, еден 22-годишен навивач на АЕК е убиен откако бил прободен во телото со тврд предмет. Со Брза помош повредениот навивач бил пренесен во болница, но не успеал да се спаси. Повредени се најмалку уште шестмина луѓе, а уапсени се 10-мина навивачи на Динамо.

https://twitter.com/i/status/1688670328833122305

- Оглас -

Најнови вести