Навивачи на Галатасарај нападнаа симпатизер на Анкарагучу, кој извади мачета и реши да се одбрани (Видео)

Галатасарај вчера со 4:1 славеше на гости кај Анкарагучу и тоа беше доволно да ја осигурат титулата во турското првенство. По мечот, навивачите на Галатасарај започнаа да слават низ улиците на Анкара, а тоа беше и повод да се случат неколку инциденти.

Еден од инцидентите беше снимен и стана вирален на социјалните мрежи. Група навивачи на Галатасарај нападнаа еден автомобил во кој беа фанови на Анкарагучу. Тие започнаа со кршење на автомобилот, што беше доволно за возачот од автомобилот да излезе, и тоа со мачета во рацете.

Тој почна да замавнува кон фановите на Галатасарај, кои се разбегаа. Полицијата беше во близина и го сопре навивачот со мачетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести